Утре облачно и ветровито со температури до 16 степени

Утре, претпладне се очекува умерено до значително облачно време а попладне облачноста ќе се намалува.

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје, ќе биде умерено облачно со умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 12 степени.

Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има намалување на облачноста, а во недела ќе преовладува претежно сончево време.

Во почетокот на следната седмица се очекуваат врнежи од дожд со умерен интензитет.

Текстот Утре облачно и ветровито со температури до 16 степени е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published.