Филипче: Никој не е присилен на вакцина, на работа може и со негативен ПЦР

Новите предлог мерки за вработените во јавниот сектор не пропишуваат задолжителна вакцинација, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, министерот за здравство, Венко Филипче, коментирајќи ја забелешката на генералниот секретар на УПОЗ, дека според ОН антиковид вакцината не е задолжителна, Филипче вели:

„Не е точно дека ова е присилна вакцинација. Апсолутно имаат право граѓаните да не се вакцинираат и притоа еднаш неделно да прават тест на сопствен трошок и да докажат дека се негативни на ковид. На тој начин знаеме дека здравјето на сите околу не е загрозено“, рече министерот Филипче.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published.