Од утре постудени утра, преку ден сончево

Утрото ќе биде постудено и по одделни котлини ќе има слаба магла. Во текот на денот ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.

Во Скопје, наутро студено со услови за слаба магла. Во текот на денот претежно сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од понеделник ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Врнежите ќе бидат позастапени во западните и јужните делови.

Текстот Од утре постудени утра, преку ден сончево е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published.