Обид за убиство на јавен обвинител од Гостивар

Утринава во 5:30 часот во гостиварското село Чегране, извршен бил обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство Гостивар.

Како што информираат од јавното обвинителство, обвинителот е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники.

Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му била зададена убодна рана во грбот.

Основното јавно обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот.

Текстот Обид за убиство на јавен обвинител од Гостивар е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *