Сончево со студено утро

Во текот на ноќта времето беше ведро со слаб ветер од северен правец. Утрово е претежно тивко и по одделни котлини во јужните делови има појава магла (најмногу во јужниот дел од Пелагонија со намалена видливост до 200 метри).

Денеска во раните претпладневни часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

Во текот на денот ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе достигне од 13 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 14 степени.

Текстот Сончево со студено утро е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *