Груби: Да се чува јазикот на нашите предци, како вредност меѓу европските јазици

По повод манифестацијата “Деновите на Албанската Азбука”, првиот Вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби учествуваше на промоцијата на студијата “Законот за употреба на јазиците од 2019 година“.

“Писменоста е светлина за секој човек и никој не треба да биде исклучен од ова основно човеково право. Сите треба да бидат свесни дека само така заеднички треба да инвестираме во вистинските вредности за да оставиме траги кои сме ги вложиле за идните генерации. Ми претставува посебна чест да се обратам на оваа промоција на студијата „Албанскиот јазик пред и по донесувањето на Законот за употреба на јазиците 2019 година“, која ќе остане национална додадена вредност за сите Албанци во РСМ и пошироко. Се сеќавам како денеска како расправата за овој закон во Комисијата за европски прашања во Собранието беше жестока. Многу стравови, многу неизвесности и многу невистини кажаа оние кои се спротивставија за истото, а и покрај тоа, Законот беше донесен и денес ужива еднаква примена со другите закони во државата”, рече првиот Вицепремиер, Груби.

Според него, ова студија несомнено ќе остане важен спомен за многу идни генерации.

“Задоволен сум што токму во контекст на настаните за „Деновите на азбуката“ придаваме посебно значење и ја потврдуваме определбата на Владата да ја почитува и промовира етничката и културната различност во земјата, како еден од клучните настани во историјата на албанскиот народ. Ја поздравувам работата на Агенцијата и на Инспекторатот за употреба на јазиците, две институции кои произлегуваат од овој закон, кои ги спроведуваат одредбите од Законот. Оваа студија несомнено ќе остане важен спомен за многу идни генерации. На крај, ја користам оваа прилика на сите вас, албанскиот народ, да ви го честитам 22 ноември, Денот на азбуката, како еден од најважните датуми на нашата нација”, истакна меѓу другото првиот Вицепремиер, Груби.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published.