Митева: Неодговорното работење на градоначалниците на СДСМ е минато

Раководењето со локалната самоуправа од страна на градоначалниците на СДСМ било спротивно на закон во многу сегменти, изјави Марија Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Во Гази Баба, склучувани се договори на дело со лица кои не оделе на работа, а примале плата. Од она што до сега е утврдено во општината со договор на дело, во периодот од 04.01.2021 година до 21.09.2021 година се ангажирани 14 лица, а пет од нив воопшто не оделе на работа. Од овие 14 договори, 8 од нив биле склучени по распишување на локалните избори, што е спротивно на Член 8а од Изборниот законик.

Во однос на ова склучен е и договор со едно лице за консултански услуги за време на изборната кампања и тоа, на 13.10.2021 година бил склучен договор со едно лице за консултански услуги од областа на легализацијата на дивоградби.

Дополнително, во ревизорскиот извештај во Гази Баба направен во период од 14.01.2021 до 23.04.2021 година дадено е мислење со резерва за реалноста и објективноста на прикажаните состојби во финансиските извештаи и со тоа е констатирано дека не се почитуваат законите и прописите“ истакна Митева.

Таа порача дека завршило времето на неспособноста и криминалотт на власта на СДСМ во нашите општини. Митева обвини дека СДСМ четири години ги потрошиле за несовесно работење.

„ Почнаа промените, веќе со сериозна динамика се реализираат проекти од страна на градоначалници предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Промените и новиот пристап на работа кој го нудат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ веќе може да се види. На тој пристап народот му даде доверба на последните избори и тоа е наша обврска“ додаде Митева.

Текстот (Видео) Митева: Неодговорното работење на градоначалниците на СДСМ е минато е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published.