Нора Шаќири разрешена од в.д. директор на Театар комедија

По скоро десет месеци од назначувањето, Нора Шаќири Марковиќ е разрешена од директорката функција во Театар Комедија. Ова доаѓа пет дена откако таа беше пријавена за мобинг односно психичко вознемирување врз вработените во театарот. Повеќе информации од тоа што увиделе инспекторите, не беа споделени со јавноста. На нејзино место, за нова в.д. директорка е назначена актерката Магдалена Ризова Черних која и е вработена во театарот.

Од Министерството за култура велат дека го добиле извештајот од Државниот инспекторат за труд. Во нивното објаснувње стои дека, разрешената Шаќири Марковиќ го прекрила Законот за спречување корупција. Според цитираниот член од Законот, таа започнала постапка за престанок на работен однос за време на избори, што е забрането. Дополнително наведуваат дека таа го прекршила и Изборниот законик, како и Законот за заштита од вознемирување на работно место.

„ Со тоа се потврдува дека раководното лице водело и ја завршило дисциплинската постапка врз вработени во време на изборен процес. За нов в.д. директор на НУ Театар Комедија е назначена“, велат од Министерството за култура за „А1он“.

Инаку, во февруари годинава беше разрешен Сашо Ристовски кој беше директор на „Театар комедија“. Кај него беше констатирано дека направил злоупотреба со буџетски средства на театарот.

Текстот Нора Шаќири разрешена од в.д. директор на Театар комедија е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *