Oдземена лиценцата за работа на „Беса Транс“

Превозникот „Беса Транс“ остана без лиценца за работа по смртоносната автобуска несреќа во која загинаа 45 патници, а седумина се повредени.

Од Министерството за транспот и врски информнираат дека согласно член 12 од Законот за превоз во патниот сообраќај, а поради недостатоците што се утврдени од страна на Министерството за транспорт и врски, а воедно и со цел да се превенира какво било друго дејство од страна на фирмата кое би можело да предизвика негативни последици, на фирмата Беса Транс БТБ и се одзема лиценцата за работа, односно се забранува вршење на дејноста.

Министерството утврди дека за автобусот нема издадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз за патници, ниту пак за друг вид на јавен превоз на патници.

Овој автобус го нема во евиденцијата на издадени лиценци, каде се регистрирани четири други автобуси на фирмата Беса Транс БТБ.

Фирмата е должна веднаш да ги депонира лиценцата за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и изводите од лиценцата за вршење на меѓународен слободен превоз на патници до Министерството за транспорт и врски.

Дополнително, Владата на последната седница го задолжи Државниот инспекторат за транспорт да изврши вонреден инспекциски надзор на превозникот Беса Транс БТБ.

Министерството за транспорт и врски е во целосна координација со останатите државни институции, пришто информира дека стои на располагање со целокупната база на податоци.

Текстот Oдземена лиценцата за работа на „Беса Транс“ е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *