Пронајдено уште едно тело, дете е 45. жртва во изгорениот автобус во Бугарија

При дополнителен преглед на запалениот македонски автобус кој изгоре на автопатот „Струма“, пронајдено е уште едно тело, пренесе Бугарската национална телевизија (БНТ).

Станува збор за дете, потврдил заменик-главниот обвинител и шеф на Националната истражна служба, Борислав Сарафов за тамошните медиуми.

Така, бројот на жртвите во тешката сообраќајна несреќа се искачи на 45, како што првично беше најавено. Седуммина се спасени и во моментот се на лекување во софиската болница.

Македонските власти веќе го објавија планот за транспотт на повредените во софиската болница и посмртните останки на загинатите.

Вчера, бугарските истражни органи соопштија дека во остатоците од автобусот се пронајдени 44 трупа од жртви. Тие добиле информација оти во автобусот патувале 52 патници, а во болница се лекуваат 7 лица, па така беше нејасно каде е уште едниот патник што бил регистриран дека е во автобусот.

Текстот Пронајдено уште едно тело, дете е 45. жртва во изгорениот автобус во Бугарија е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published.