Груби – Ќучјук: Благодарност до Бугарија за нејзината професионалност и управувањето со ситуацијата

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби, придружуван од европратеникот Илхан Ќучјук, министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу денес го посети О.У. “Исмаил Ќемали“.

Првиот вицепремиер Груби, европратеникот Ќучјук и градоначалникот на oпштина Чаир, Ганиу се сретнаа со раководството на училиштето” Исмаил Ќемали“, при што изразија сочувство и за петте изгубени животи кои беа ученици на ова училиште.

“На вчерашната средба со европратеникот Ќучјук, тој изрази сочувство за трагичниот настан и денеска го посетивме основното училиште “Исмаил Ќемали“, да им оддадеме почит на учениците кои ги загубија животите. Сакам да изразам благодарност од сите нас до соседната земја Бугарија за професионализмот што го покажаа во овој случај, и до целиот здравствен персонал и бугарските институции, и во иднина посакувам да се сретнеме само за добри работи” – изјави Груби.

Во меѓувреме, европратеникот Ќучјук изрази сочувство за настанот, опишувајќи го како еден од најтрагичните во Бугарија.

“Многу тежок момент, не само за нас туку за двете земји. Изразуваме сочувство до родителите и сите оние кои ги загубија своите најблиски. Денес заедно со првиот вицепремиер Груби се сретнавме со раководството на училиштето каде што учеа дел од учениците кои ги загубија животите во овој трагичен настан“, рече европратеникот Ќучјук.

Првиот вицепремиер Груби и европратеникот Ќучјук истотака поставија и цвеќиња на училишните клупи каде учеа петте ученици кои ги изгубија животите во трагичниот настан во Бугарија.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published.