Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател, што ќе се одржат на 12 декември.

Кандидат за претседател на СДСМ може да биде секој член кој ги исполнува условите наведени во Статутот и Правилникот за одржување внатрепартиски избори, меѓу кои што стои дека кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.

Постапката за кандидарање започнува денеска и ќе трае седум дена.

Право на глас на изборите има секој член кој активно ќе се регистрира на веб-страната на СДСМ или преку општинските организации на СДСМ.

 

Текстот Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *