Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која тој седи заедно со поранешниот висок функционер на ДУИ, Муса Џафери.

Хоџа напиша дека средбата со Џафери се случила на јавно место без да се крие од никого и без никакво влијание во политичко дејствување. Праша кои се луѓето кои го следат секој негов потег и како безбедносните органи го оправдуваат нарушувањето на неговата приватност.

„Гледам дека почна да се споделува моја фотографија со Муса Џафери, од средба која се случила на јавно место без да се кријам од никого и без да имам никаков товар во моето политичко делување. Како активна личност во политиката остварувам стотици средби со луѓе кои сакаат да разговараат за актуелните политички прашања. Прашањето што се поставува е: кои се луѓето кои го следат секој мој потег и дали ова е мониторинг со институционални инструкции и како безбедносните органи го оправдуваат нарушувањето на приватноста на едно министерство во оставка на актуелната Влада“, напиша Хоџа.

Текстот Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published.