Владата и синдикатите се согласија работна група да осмисли решенија за барањата најдоцна до 20 јануари

Владата претставена од министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири и од советникот на премиерот за труд и социјална политика, Милан Живковиќ, денеска разговараше со претставници на Сојузот на синдикати и граѓанските синдикати што членуваат во него, а во врска со синдикалните барања за повисока минимална плата, потребата од конечно воведување на недела како неработен ден, правото на исплата на регрес за годишен одмор, односно К-15 за јавниот сектор и за општиот колективен договор за приватниот сектор.

Владините претставници ги изнесоа политичките позиции за унапредување на правата и статусот на работниците без разлика од кој сектор доаѓаат и уште еднаш ги потенцираа заложбите за најбрзо обезбедување на денот недела како неработен за сите работници кои имаат потреба од остварување на тоа право, како и за покачување на минималната плата до 18.000 денари најбрзо што може во 2022 година, а со цел покачување до 20.000 денари до крајот на мандатот.

Во тој контекст, Владата и синдикатите се согласија работна група да ги прибере сите потребни податоци со цел детална разработка на можните оперативни решенија за зацртаните социјални цели, најдоцна до 20 јануари 2022 година.

 

Текстот Владата и синдикатите се согласија работна група да осмисли решенија за барањата најдоцна до 20 јануари е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published.