Мицкоски најавува втора епоха: Преку нов заеднички патриотизам да го вратиме ентузијазмот од 90-тите

На денешниот 17. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ најавувам дека како партија дека влегуваме во втора епоха, рече партискиот лидер кој денеска доби втор мандат, Христијан Мицкоски.

„Во втората епоха кај нас е потребно да направиме општествена мобилизација на секоја интелектуална сила и поединец во земјата, да допреме до секоја слободомислечка индивидуа и да подадеме рака во насока на преродба на државата, обнова и промени во партијата и во државата кои ќе ја донесат новата иднина“, објасни тој, додавајќи дека во центарот на втората епоха се слободата на индивидуата и слободна волја за изразување.

Според Мицкоски, за втората епоха потребни се креативните потенцијали надвор од рамките на партијата.

„Ви говорам за општествена мобилизација на секоја кретивна индивидуа независно од партиската припадност која ќе биде моторот на напредокот и новата иднина која ни е потребна. Втората епоха значи подавање рака на секој еден интелектуалец, отпочнување на дијалог со мудрите глави на ова општество чиј глас се заборави меѓу децениите на разграбување на државниот капитал и конформизмот граден на плеќите на луѓето кои ја крепат нашата нација.“, рече партискиот лидер.

„Затоа јас ве повикувам сите тука и сите оние надвор од оваа сала, и партиски определени и неопределени, придружете ни се“, порача Мицкоски кој воедни најави нов концепт на заедништво, наречен „Нов договор“.

Според партискиот лидер, потревен е нов општествен консезус на сите рамноправни чинители околу она што треба да претставува нов заеднички патриотизам.

„На Македонија ѝ треба нов договор кој ќе го оделотвори заедничкиот патриотизам низ ново одредување за она што претставува наша првенствена цел. Таквиот општествен договор кој ќе го понуди заедничкиот патриотизам е враќање на нашите надежи за тоа како требаше да изгледа државата во моментите кога се создаваше, како активна целина на рамноправни чинители, која ќе обезбеди праведен напредок и еднакви можности за сите, од која идеја длабоко низ овие три децении се застрани“, посочи Мицкоским потсетувајќи се на ентузијазмот од деведесетите кој, како што рече, се изгубил со човечкото оттуѓување, изневерените очекувања од политичарите и транзициите.

Текстот Мицкоски најавува втора епоха: Преку нов заеднички патриотизам да го вратиме ентузијазмот од 90-тите е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published.