Иван Илиевски нов в.д. директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го назначи Иван Илиевски за в.д. директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП), на местото на досегашниот директор Кристијан Чушков кој е разрешен од функцијата, информираат од кабинетот на Арсовска.

„Илиевски долги години работи на раководни позиции во Авто Мото Сојуз на Македонија и Македонија Сообраќај Америт. Во текот на својот професионален ангажман, работи и за развој на Центрите за обука на институции, како сертифициран инструктор на IRU Academy (Академија на Унијата за патен транспорт) за обука на Менаџери на транспортни компании, возачи во меѓународен патен транспорт и транспорт на опасни материи. Илиевски e член и на Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата на Град Скопје“, објаснуваат од Град Скопје.

Текстот Иван Илиевски нов в.д. директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published.