Притвор за полицаец кој давал информации на криумчари на мигранти

МВР поднесе кривична пријава за оддавање на службена тајна против 24-годишен полициски службеник, со иницијали С.К. од Неготино.

Од МВР велат дека полицаецот давал информации на криумчари на мигранти каде има полициски патроли или ако тој бил на задача свесно ги пропуштал.

Негитинецот бил лишен од слобода и предаден во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал.

На 24-годишниот полицаец му е одредена мерка притвор.

Текстот Притвор за полицаец кој давал информации на криумчари на мигранти е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *