Утре променливо облачно и студено, на некои места со врнежи од снег

До 16 часот денеска на Попова Шапка биле измерени 60 сантиметри снег, 47 сантиметри на Маврови Анови, во Лазарополе има 36 сантиметри снег, 25 во Пожаране, 18 во Виница, 10 сантиметри снег има во Берово, 8 во Тетово и Крива Паланка, 3 сантиметри снег има во Струмица и Претор.

До крајот на денот ќе биде облачно, на југот и југоистокот со врнежи главно од снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, што ќе се задржи и во текот на ноќта.

Утре се очекува променливо облачно и студено време. Наутро на југоистокот се уште ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и студено со умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 6 степени.

Во наредните денови следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието

Текстот Утре променливо облачно и студено, на некои места со врнежи од снег е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published.