Акциска контрола во Гостивар: 9 комбиња и автобуси возеле неисправни

Полицијата денеска спроведе акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници на поширокото гостиварко подрачје, претежно автобуси и комбиња.

При контролата, откриени и законски санкционирани се 9 неисправни возила. Четири од нив имале неисправни сопирачки, едно неисправен уред за управување, додека четири биле со неизвршен технички преглед, соопшти полицијата.

Неисправните возила (5) биле исклучени од сообраќај и на возачите изготвени им се соодветни поднесоци.

Текстот Акциска контрола во Гостивар: 9 комбиња и автобуси возеле неисправни е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published.