Граѓаните да не користат на своја рака антибиотици за коронавирусот, апелира Агенцијата за лекови

Агенцијата за лекови и медицински средства согласно своите стратешки цели а во насока на заштита и унапредување на јавното здравје будно ја следи употребата на антибактериските лекови за системска употреба-антибиотици. Од почетоткот на пандемијата со Ковид-19 евидентирана е зголемена потрошувачката на антибиотиците, предупредуваат од таму.

Агенцијата за лекови и медицински средства во интерес на јавното здравје и безбедната употреба на лековите, ги потсетува здравствените работници на насоките за рационално користење на антибиотици, нивна употреба согласно индикационото подрачје како и издавање на антибиотиците во аптеките исклучиво на лекарски рецепт, согласно одредбите утврдени во Законот .

„Антибиотиците се индицирани за третман на бактериска инфекција но не и вирусна. Апелираме до граѓаните да не користат антибиотици за превенција и третман на коронавирусот на своја рака, по свое лично убедување и без претходна консултација со лекар или фармацевт“, реагираат од агенцијата.

Текстот Граѓаните да не користат на своја рака антибиотици за коронавирусот, апелира Агенцијата за лекови е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published.