Одложено рочиштето за предметот „ТНТ“

Главната расправа за предметот „ТНТ.” што требаше да се одржи денеска, е презакажана за 22 декември, поради спреченост на обвинителот и на дел од обвинетите, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

„Главната расправа за предметот со КОК бр. 53/17, од обвинителството означен како ‘ТНТ’, насрочена за 14.12.2021 година се презакажува заради спреченост на обвинителот и дел од обвинетите да присуствуваат на судењето од здравствени причини, соопшти Основен кривичен суд Скопје. Оттаму додаваат дека следниот термин за продолжување на главната расправа е на 22 декември од 10:00 часот за што, странките во постапката, веќе биле известени.

Случајот „ТНТ” се однесува за уривањето на комплексот „Космос” на инвеститорот Фијат Цановски.

Обвинети се повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

Текстот Одложено рочиштето за предметот „ТНТ“ е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *