Повторно се отвори дупка на патот Дебар-Маврово, кај Косоврасти

Дупка длабока од 15 до 20 метри одново се отвори на патот Дебар-Маврово. Очевидци велат дека брзата реакција на случајни минувачи, а потоа и на полицијата, спречила трагедија. Објаснуваат дека дупката е голема и може да пропадне автомобил, но и дел од автобус, доволно за да се преврти.

Ова е вторпат за два месеци да се отвори дупката, на истото место, кај Косовашки мост. Станува збор за фреквентно место. Претходно, истиот проблем се појави во септември, кога се претпоставуваше дека причина е лизгање на земјиштето. И сега, како и претходно, патот е затворен поради можност дупката да се прошири и на другата лента.

Нејзиното санирање е должност на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта.

Текстот Повторно се отвори дупка на патот Дебар-Маврово, кај Косоврасти е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published.