Познати добитниците на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, на седницата одржана на 29.11.2021 година, донесе одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2021 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

1. За остварување во областа на публицистиката, државната награда ја делат: Тошо Филиповски и Томислав Кежаровски – публицисти.

2. За остварување во областа на новинарството, државната награда ја делат: Аделина Марку и Марјанчо Николовски – новинари.

3. Оваа Oдлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник“.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември 2021 година (вторник) во 12 часот во свечената сала на Собранието.

Текстот Познати добитниците на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *