Средба Османи- Франкел: Разменети мислења за надворешно-политичките приоритети на двете земји

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со амбасадорката на Државата Израел со седиште во Ерусалим, Симона Франкел.

Министерот Османи изрази задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји, засновани на меѓусебна доверба и почит, со посебен акцент на потребата за интензивирање на економската соработката и трговската размена.

Воедно, соговорниците изразија задоволство од неодамнешното полноправно членство на Република Северна Македонија во Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот.

На разговорот, беа разменети и мислења за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните меѓународни прашања и регионални теми.

Текстот Средба Османи- Франкел: Разменети мислења за надворешно-политичките приоритети на двете земји е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *