Средба Османи-Хифзи: Искажана подготвеност за соработка во економијата, трговијата и инвестициите

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија во Република Северна Македонија со седиште во Тирана, Фаисал Гази Исмаил Хифзи, по повод предавањето на копиите од акредитивните писма за негово именување како вонреден и ополномоштен амбасадор.

Посакувајќи му успех, Османи, изрази увереност дека амбасадорот Хифзи со своето дипломатско искуство и личен ангажман, ќе даде значаен придонес во натамошниот развој на односите меѓу двете држави.

Соговорниците се осврнаа на билатералните односи меѓу двете пријателски земји, како и на потенцијалите за продлабочување на односите и унапредување на севкупната соработка во претстојниот период. Во тој контекст беше искажана заемна подготвеност за продлабочување на соработката, особено во сферите на економијата, трговијата и инвестициите.

На крајот, беа разменети мислења за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните меѓународни прашања и регионални теми.

Текстот Средба Османи-Хифзи: Искажана подготвеност за соработка во економијата, трговијата и инвестициите е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *