Царовска: Работиме на подобрување на условите за настава за секое дете

Министерството за образование и наука изминатиот период освен што се фокусираше на спроведување на темелни реформски процеси во основното образование, но и на обука на квалитетен наставен кадар, ги зајакна и инвестициите во училишните објекти во секоја општина и населено место, со цел да ги подобри условите за настава на секое дете. Со овие инвестиции вложуваме директно во децата, во младите, во сегашните и идните генерации.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска која денеска заедно со градоначалникот Еркан Арифи и пратеникот Арбер Адеми го посетија ООУ „Дитурија” во Општина Липково, каде се во тек градежни работи за санација на фасада на објектот и реновирање на санитарните јазли и внатрешноста.

„Со вкупна инвестиција во износ од околу 9,5 милиони денари, средства од Министерството за образование и наука обезбедуваме подобри услови за настава на 260 ученици од прво до девето одделение во Липково. Со овој проект за санација, на училишната зграда, треба да се овозможат и создадат услови за нормално одвивање на наставниот процес, како и да се вградат материјали според сите важечки стандарди и нормативи и исполнување на услови за енергетска ефикасност, како што доликува на современите училишни објекти”, рече Царовска.

Царовска посетата ја искористи и за средба со директорот, наставниците и учениците со кои поразговара за реформски процеси што ги започнавме во основното образование, и од она што тие го кажаа, се’ тече според планот и предвидената динамика.

„Овој и уште многу други проекти на централната власт се доказ повеќе, дека работиме посветено за секоја една општина во нашата земја, за секое дете за секој граѓанин. Тоа се гледа и во нашата заложба како Министерство во зголемените на над 1 милијарда денари за капитални инвестиции, во делот на образованието, средства кои ги насочуваме и градиме по план во интерес на секое дете во општините кадешто е најмногу потребно. Посакувам успешна и навремена реализација на реконструкцијата и санацијата и убедена сум дека од резултатот ќе бидат задоволни сите”, рече Царовска.

Текстот Царовска: Работиме на подобрување на условите за настава за секое дете е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *