„Левица“: Владата во заминување се обидува шверцерски да ја приватизира брзата помош

Министерот за здравство (во заминување) – Венко Филипче, преку навидум бенигни измени на Законот за здравствена заштита, предложени по скратена постапка, денес – во Собранието ќе се обиде да го протурка енормно штетниот план за отворање можност за приватизација на брзата помош и трансплантацијата на човечки органи.

„ „Левица“, како идеолошки профилирана партија, застанува одлучно против внесувањето на профитната бизнис логика во јавното здравство. За нас здравјето е политичко прашање од највисок приоритет и тоа не смее да биде третирано како додаток на луксузот, кое ќе биде достапно само за богатите, а недостапно за сите останати. За таа цел, нашите двајца пратеници во Собранието денес, на Комисијата за здравство, поднесоа над 1.200 амандмани со цел да го спречат донесувањето на овој енормно штетен закон. Бараме отворање јавна расправа за ова круцијално прашање кое е во интерес на сите граѓани и итно повлекување на овој штетен закон од собраниска процедура“ соопштија од партијата.

Текстот „Левица“: Владата во заминување се обидува шверцерски да ја приватизира брзата помош е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *