Пендаровски пречекан во Косово со државни и воени почести

Претседателот Стево Пендаровски денеска на плоштадот „Ибрахим Ругова“ во Приштина, на официјална церемонија со државни и воени почести беше пречекан од претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу, со што започна неговата официјална посета на Косово.

Пендаровски оствари тет-а-тет средба со претседателката Османи-Садриу, по што се одржа и пленарен состанок на македонската и косовската делегација.

На средбите се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Косово, при што беше посочено дека односите меѓу двете држави се конструктивни и пријателски, а соработката се одвива преку отворен и динамичен дијалог.

На средбите беше нагласен интерес за развој на севкупната соработка, како во контекст на заедничките погледи во однос на интеграцијата во НАТО и ЕУ, така и во економијата, што претставува дополнителен влог во градењето стабилно партнерство и добрососедство.

Текстот Пендаровски пречекан во Косово со државни и воени почести е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *