Променливо облачно и студено време со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени, информираат од УХМР.

Времето во Скопје ќе биде претежно облачно со умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Во наредните денови следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието. В петок и сабота ќе има повремени локални врнежи од снег.

 

Текстот Променливо облачно и студено време со сончеви периоди е превземен од МАКФАКС.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published.